Додека Европа се договара, Кинезите веќе воведоа КОВИД пасоши

- Advertisement -

Кина веќе лансираше дигитален сертификат за вакцинација против КОВИД за своите граѓани кои планираат да патуваат надвор од државата. Со тоа Кина се приклучи на другите земји кои издаваат слични документи со цел безбедно да ги отворат границите и да ја разбудат економијата.

Потврдата за вакцинација која ја издаде Кина ќе содржи податоци за вакцинацијата и резултати од тест за присуство на вирусот, соопштија на својата веб страница од Одделението за конзуларни прашања на кинеското Министерство за надворешни работи.

- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, изјави дека целта на потврдата е размена на информации за тестирањето и вакцинацијата и овозможува безбеден контакт меѓу луѓето. За луѓето кои се вакцинирани против корона вирусот кои пристигнуваат во Кина е задолжителен карантин, поради можноста да се заразени.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -