Apple ја слави истрајноста во нов филм по повод кинеската Нова Година, целосно снимен на iPhone

- Advertisement -

Технолошкиот гигант Apple ја прославува кинеската Нова Година со впечатлив филм за љубовта на еден млад човек кон операта и моќта на истрајноста.

Филмот насловен „Through the Five Passes“ („Преку петте премини“) е снимен целосно со помош на паметниот телефон iPhone 14 Pro, а во режија на наградуваниот режисер Пенг Феи.

- Advertisement -

Краткиот игран филм ја следи приказната на еден млад кинески оперски изведувач кој трпеливо се подготвува за неговата претстојна голема изведба. Додека чека да излезе на сцената, тој разговара со други изведувачи, а низ глава ретроактивно му се вртат спомени за предизвиците со кои морал да се соочи и да ги надмине при учењето на неговата уметност и развивањето на своите вештини.

Всушност, филмот ја слави моќта на надминувањето тешкотии и ја слави издржливоста и одлучноста на луѓето кои се страсни за она што го сакаат.

- Advertisement -

Филмот завршува со прикажување на луѓето и заедниците кои продолжуваат да изведуваат кинески опери низ Кина. Кинеската опера е клучен дел од традициите на кинеската Нова Година кои потекнуваат од првата династија на Царската Кина.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -