Халкбанк на македонскиот пазар една деценија, стана четврта најголема банка

- Advertisement -

Халкбанк АД Скопје со актива која за една година порасна за 152 милиони евра и достигна над една милијарда евра, што претставува раст од 14 отсто, со зголемување на кредитирањето за 14,10 отсто и пораст на депозитната база за 18,63 отсто и во 2020 година ја потврди својата позиција на најбрзорастечка банка во земјава и позиција која овозможи за една деценија, колку што работи на македонскиот пазар под името Халкбанк, да стане четврта најголема банка.

-Почнувајќи со работа во 2011 година под брендот Халкбанк со актива од 151 милион евра и наследено минусно салдо, односно загуба од 187.000 евра, банката веќе следната година ја удвои активата и прокнижи добивка од половина милион евра, зголемувајќи ги и кредитирањето и депозитната база. Со ваквото темпо Халкбанк продолжи и во сите следни години, надминувајќи го проектираното. Во 2019 година, на пример, таа оствари раст на активата за 166,5 милиони евра, најголем во однос не само на големата банкарска петорка, туку и во однос на сите банки во земјава и забележа и зголемување на кредитното портфолио за 66,5 милиони евра што беше исто така најголем раст на износ на кредитирање во конкуренција на сите 15 банки кои во таа година егзистираа на македонскиот пазар, наведуваат од Халкбанк и додаваат дека година дена подоцна, односно ланската кризната 2020 година, Халкбанк ја заврши со актива од 1085,9 милиони евра, од кои речиси 130 милиони евра сопствен капитал. Но и со пласирани околу 714 милиони евра кај граѓаните и стопанството, дури за 101,2 милиони евра повеќе од претходната година и со депозитна база од над 689 милиони евра. Притоа, стапката на нефункционални кредити кај Халкбанк изнесува 1 отсто, што е далеку под она што беше состојба во банката пред една деценија, кога проблематичните кредити изнесуваа 4,8 отсто. Но истовремено е далеку и под просекот на ниво на државата кој лани изнесуваше 3,4 отсто и беше на рекордно најниско ниво.

- Advertisement -

Остварените резултати, како што наведуваат, се најдобра потврда за успешноста во работењето и остварувањето на целта поставена со влезот на македонскиот пазар – да биде една од најголемите банки во земјава.

Банката  денес брои 43 филијали, бројот на банкомати  133, на ПОС терминали  7634, а согласно со растот на Банката, се зголеми и бројот на вработени на 632.

Сподели!
- Advertisement -