Сингапур гради пловечки соларни фарми за борба против климатските промени

- Advertisement -

Сингапур гради пловечки соларни фарми со цел борба против климатските промени. Илјадници соларни панели се поставуваат на брегот на сингапур за државата да даде свој придонес во борбата против глобалната климатска криза.

Иако станува збор за една од најмалите земји во светот, затоа што Сингапур е помал од половина Лондон, сепак, станува збор за успешна заедница, но и за земја која има една од најголемите емисии на јаглерод-диоксид по жител во Азија.

- Advertisement -

Една од новите соларни фарми се протега по брегот на Сингапур во Јохорскиот мореуз, кој ги раздвојува Сингапур и Малезија. За морското дно се прицврстени 13.000 соларни панели чиј капацитет изнесува 5 мегавати електрична енергија, што е доволно за напојувањето на речиси 1.500 станови во текот на една цела година.

Панелите се произведуваат во Кина, која е најголем производител на соларни панели во светот, а се прицврстуваат со помош на синџири и бетонски блокови. Уште поголем проект на соларни фарми ќе биде завршен годинава, а ќе биде составен од 122.000 соларни панели во резерватот Тенгех. Проектот го развива компанијата Sembcorp.

- Advertisement -

Сингапур нема доволно брзи реки за хидроелектрани, ниту ветровите се доволно силни за придвижување на турбини, па соларната енергија е единствениот избор.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -