Додека роверот на НАСА, Perseverance, го истражува својот нов дом на Марс и се подготвува за истражување на кратерот Езеро, научнциите на Земјата анализираат податоци кои би можеле да помогнат во потрагата по вонземски живот. Но, тие податоци се собрани од многу поблиску.
Имено, во текот на подготовките за лансирање на Perseverance на Марс, научниците на НАСА направија бројни симулации на работата на роверот на Земјата. Тие открија дека наслаги на камен и минерали кои ги проучувале на брегот на езерото Салда во Турција потсетуваат на она што Perseverance може да го пронајде во кратерот Езеро.
Така, ако податоците кои научниците ги собрале на Земјата ќе бидат силна врска меѓу она што може да се научи и да се истражува на Марс. Турските и американските научници кои во 2019 година го истражувале брегот на езерото Салда откриле седименти кои се формирани со помош на микробите познати како микробиалити. Сега експертите на НАСА сакаат да проверат дали такви микробиалити се наоѓаат и во кратерот на Марс.
Освен микроби, научниците ќе се обидат да ги споредат и седиментите и минералите од Салда со минералите кои се формираат од јаглерод диоксидот и водата, а тоа би укажало на постоење на клучните состојки за живот во кратерот Езеро. Кога Perseverance ќе пронајде нешто, можеме тоа да го споредиме со езерото Салда и да видиме дали постојат сличност, ни и разлики меѓу тие два локалитети, велат начуниците.
Но, за тоа навистина да може да се направи ќе мора да почекаме. Имено, примероците од тлото кои ќе ги собере Perseverance во текот на својата мисија се очекуваат на Земјата дури во текот на 2031 година.
(Reuters)
(фото: YouTube screenshot)