4 C
Skopje
сабота, април 10, 2021

„Синами“: Нова приказна во македонскиот ИТ ќе го освојува светскиот пазар

Kabtel desktop

По две децении глобална препознатливост во рамки на групацијата „Сеавус“, новата македонска ИТ компанија „Синами“ продолжува да го освојува светскиот пазар

„Иновативни софтверски решенија кои го модернизираат начинот на кој работат нашите клиенти“ е мотото на македонската ИТ компанија, „Синами“ (www.synami.com). Компанијата до скоро беше дел од групацијата на „Сеавус“, меѓутоа по аквизицијата на „Сеавус“ од страна на чешката компанија АРИКОМА Груп, „Синами“ која остана во сопствеништво на холдингот на Игор Лештар, започнува сосема нова приказна и продолжува да делува самостојно на светскиот ИТ пазар, потпирајќи се на своето 20-годишно искуство во развој на софтверски решенија.

Игор Лештар, македонски ИТ претприемач и инвеститор има амбициозен план за раст и развој на компанијата. Иако „Синами“ е ново име, компанијата има огромно искуство и богато портфолио на клиенти од висока класа каде се вбројуваат дури и Airbus, Tesla, Rolls Royce, McLaren и многу други кои ги користат софтверските решенија на оваа македонска компанија.

Како дел од „Сеавус“, компанијата има развиено бројни иновативни продукти на кои им веруваат повеќе од 6 милиони корисници и над 4500 компании од 172 земји, вклучувајќи 70% од претпријатија на Fortune 500.

„Со искуството и знаењето што го стекнуваме работејќи на решенија за најголемите водечки глобални компании, практично влегуваме на светскиот ИТ пазар со ново име, но со огромно искуство и знаење. Потпирајќи се на успешните меѓународни искуства и развојот на бројни софтверски иновации веќе 20 години, имаме амбиција да бидеме двигател на дигиталното општество и сериозен играч на светскиот пазар. Во таа насока и продолжуваме да инвестираме во развојот и растот на компанијата, вложуваме во нови ИТ кадри и промоција на нашата експертиза и производи на глобално ниво. Дигитализацијата е неминовен процес во денешното живеење, а КОВИД пандемијата уште повеќе ги забрза процесите и потребите на пазарот за иновативни ИТ решенија.  Нашето искуство и силниот и компетентен тим ни овозможува да реагираме брзо на промените на пазарот и да бидеме чекор понапред во испораката на производи за потребите на клиентите“, изјави Игор Лештар, сопственик на „Синами“.

Поаѓајќи од фактот дека ИКТ индустријата во земјата расте по сите основи, а пак локалниот ИТ пазар на труд сè уште се соочува со дефицит на квалификувана работна сила, од компанијата додадоа и дека во овие исклучително конкурентски услови, човечкиот капитал и натаму останува нивниот највреден ресурс: „Свесни сме за сè поголемата побарувачка на квалитетни и искусни кадри, дотолку повеќе што пандемијата со КОВИД-19 забрзано ја наметна потребата за дигитално делување на сè поголем број компании. Оттука, нашата стратегија за развој се темели на силно вложување во нови ИТ кадри и развој на постоечките. Ова е основ за раст на економијата базирана на знаење“, подвлекоа од „Синами“.

Основниот фокус на компанијата е развој на софтверски продукти, од идеја до комплетна реализација во сферата на проектниот менаџмент. Во своето портфолио „Синами“ вбројува разновидни бизнис продукти кои ја подобруваат организациската ефикасност и работниот процес на компаниите, овозможувајќи заштеда на трошоци и време и зајакнувајќи ја комуникацијата и тимската работа.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •