Астрономи открија нова планета која нема облаци

- Advertisement -

Астрономи открија егзопланета која нема облаци. Тоа е првата планета слична на Јупитер која нема облаци или непровидни гасови во атмосферата. Планетата се вика WASP-62b, а овој гасовит џин за прв пат беше забележан во 2012 година во рамките на истражувањето Wide Angle Search for Planets (WASP). Неодамнешната студија е прв пат да се анализира атмосферата на таа планета.

Планетата е оддалечена 575 светлосни години од нас. Таа има половина од масата на Јупитер, но околу својата ѕвезда орбитира многу побрзо отколку Јупитер – WASP-62b го завшрува орбитирањето околу својата ѕвезда за само 4,5 дена. Податоците за планетата се собрани со спектрометар.

- Advertisement -

Истражувачите забележале присуство на натриум и калиум во атмосферата. Нема докази дека калиумот навистина го има во атмосферата, но има јасни докази за присуството на натриум. Бидејќи облаците или маглата би го сокриле присуството на натриум во атмосферата, истражувачите заклучија дека нема ни облаци, ни магла во атмосферата.

Вообичаено присуството на натриум се детектира во само мали количини затоа што најголем дел од егзопланетите имаат облаци или магла кои блокираат да не може да се забележи. Планетите без облаци се многу ретки, а астрономите проценуваат дека помалку од 7% од егзопланетите имаат чиста атмосфера. Освен WASP-62b, единствената друга егзипланета со чиста атмосфера е WASP-96b.

- Advertisement -

(SlashGear)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -