Инфинити Енерџи ИТСС, компанијата која е основана во 2020 година како најмлада членка на групацијата Infinity International, објави конкурси за вработување на над 40 стручни лица.
Сениор програмери за Microsoft и Java технологии, SAP консултанти, сениор мрежни и системски инженери, инженери за енергетика и стручни лица за продажба, ќе имаат можност да го покажат и усовршат своето знаење во рамки на групацијата. Адекватните кандидати ќе работат на големи интернационални проекти во компанијата во Скопје или во некоја од компаниите кои се дел од групацијата, со континуирано стручно усовршување и размена на знаења и искуства, што претставува приоритет за оваа организација.
„Наш приоритет е едукацијата и зацврстувањето на капацитетот на кадарот. Токму затоа, посветуваме големо внимание на професионалниот и личниот развој на нашите вработени, со следење и примена на најдобрите трендови на пазарот во областа на бизнисот, технологијата и човечките ресурси, градејќи на тој начин силни тимови“, вели Ивана Живковиќ, раководителка на секторот за човечки ресурси во Infinity International Group.
Ваквиот конструктивен пристап кон менаџирањето со човечки ресурси ќе биде применет и во Инфинити Енерџи ИТСС. „До крајот на годината планираме континуирано да го зголемуваме и зацврстуваме тимот во Скопје кој ќе добие можност да работи на големи и сложени проекти и решенија кои веќе станаа препознатлив знак за етаблираните компании во нашата групација. Горди сме што успешно ги следиме светските трендови и можеме да се пофалиме со партнерства со најголемите компании како Microsoft, SAP, Oracle, Cisco, Lenovo“, вели Дејан Кекеновски, директор на Инфинити Енерџи ИТСС.
Сите детали за отворените работни позиции се достапни на веб страната на компанијата (https://infinitygroup.mk/mk#karijera) и на социјалните мрежи.
Во групацијата Инфинити работат повеќе од 500 професионалци, од кои 67 проценти имаат висока стручна подготовка и 300 стручни лица кои поседуваат напредни сертификати. Повеќе од 100 ИКТ инженери имаат значајно искуство во големи проекти од сите области на развој и имплементација на паметни решенија – за јавниот сектор, здравството, електроенергетиката, авиоиндустријата, телекомуникациите, транспортот, малопродажбата, и во многу други индустрии.