Потврдени повеќе од 60 говорници на седмиот самит Македонија 2025

- Advertisement -

Од 7 до 10 ноември во хотелот Мериот-Скопје меѓународната невладина организација Македонија2025 по седми пат ќе го организира годишниот самит Македонија2025 – динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите. На настанот ќе присуствуваат преку 60 врвни говорници и публика составена од над 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Меѓу говорниците на Самитот Македонија2025 ќе бидат: Кевин Мурнејн – професор на Келог школата за менаџмент, САД; Гасан Хасбани – заменик-премиер и министер за здравство на Либија; Ентони Б. Ким – менаџер за истражување и уредник на индексот за економска слобода во The Heritage Foundation, САД; д-р Џорди Серано Понс – основач и главен извршен директор на UniversalDoctor, Швајцарија, Јаир Енгел – основач и директор на Kayama – Центар за одржлив дизајн, Израел; Кетрин Константинидес – светски познат филантроп, активистка и претприемач од Јужна Африка и многу други. 

- Advertisement -

Годинава за првпат организаторите најавуваат тридневна програма, исполнета со над 10 тематски дискусии и 4 „break-out“ сесии, кои ќе покријат широк спектар на теми како светски економски трендови, регионални инвестиции, лидерство, претприемништво. Ќе се зборува и за дигиталната трансформација, примената на последните технологии во медицината, како и за произдводството на медицински канабис во Македонија.

Посебен акцент ќе биде ставен на филантропијата и возвраќањето кон татковината, преку Добротворната гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, прославувајќи десет години од формирањето на организацијата и седум години од Самитот Македонија2025.

- Advertisement -

Редовната регистрација за Самитот е отворена до 30 септември со поволности за мали и средни компании. Доцната регистрација започнува веќе од 1 октомври 2018. Регистрирајте се на официјалната веб-страна: http://www.mk2025summit.com

Сподели!
- Advertisement -