Двајца браќа ја создадоа највредната компанија во Силиконската Долина – вреди 95 милијарди долари

- Advertisement -

Како највредна компанија од Силиконската Долина која не е на берза денес компанијата Stripe вреди повеќе отколку Facebook и Uber. Двајцата браќа од Ирска, кои уште во тинејџерските години станале милиониери продавајќи компанија стара една година, денес се сопственици на највредната компанија од Силиконската долина.

Нивната компанија Stripe со 95 милијарди долари вреди повеќе од Facebook пред да излезе на берза во 2012 година, а нивното ИПО беше едно од најголемите во историјата на технолошките компании.

- Advertisement -

Како што пишува Financial Times, Stripe во последната рунда на докапитализација собра дополнителни 600 милиони долари, со што вредноста скокна на сегашните 95 милијарди долари. На глобалната листа со компании кои не се на берза од Stripe се повредни само кинески ByteDance (сопственик на социјалната мрежа TikTok) и кинескиот наплатен сервис Ant, кој го основаше Џек Ма.

Инаку, вредноста на Stripe, кој се занимава со процесирање на плаќањето преку интернет платформи, трикратно се зголеми за помалку од една година. Имено, во претходната рунда на докапитализација во септември 2019 година вредноста на компанијата достигна 35 милијарди долари.

- Advertisement -

Овој раст на вредноста на Stripe е во склад со порастот на интернет трговијата на социјалните платформи после избивањето на пандемијата. Stripe забележал 200.000 нови клиенти од сегментот компании од почетокот на пандемијата пред една година. Еден од основачите, Џон Колисон, вели дека нивниот систем во текот на 2020 година процесирал речиси 5.000 барања во секунда, вклучувајќи плаќања, поврат на пари и проверка на податоци на клиенти.

Браќата Колисон, 32-годишниот Патрик и 30-годишниот Џон, ја основале Stripe во 2011 година откако ја продале својата прва компанија Auctomatic за 3 милиони евра. Собраните 600 милиони евра од годинашната докапитализација на компанијата ќе ги искористат за ширење во Европа, вклучувајќи и вработување на над 1.000 луѓе во канцеларија во Даблин во текот на наредните пет години.Дел од парите ќе послужат и за влез на пазарите во Бразил, Индија и Индонезија на крајот на годинава.

- Advertisement -

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -