Владата на Австралија направи план за ставање крај на загадувањето со пластика

- Advertisement -

Австралиската федерална влада го лансираше националниот план за пластичен отпад National Plastics Plan, кој има за цел да се справи со пластичниот отпад во различни региони. Според владата, планот ќе има за цел забрана на употребата на пластика за еднократна употреба на плажите, забрана на употребата на амбалажа од стиропор и воведување на филтри за микропластика во машините за перење. Можеби најизненадувачки аспект на планот е тоа што владата сака да стави крај и на биоразградливата пластика. Повеќето земји кои се борат со пластичен отпад ја промовираат употребата на биоразградлива пластика, но експертите предупредуваа дека биоразградливата пластика не е ништо подобра од обичната.

Поимот биоразградлива пластика значи пластика направена од материјали на растителна база и наводно се разградува кога веќе нема да се употребува и често се наредува биоластика. Иако многумина мислат дека е добра, нема стандарди кои регулираат кој вид на производи може да се наречат биоразградливи. Некои производи направени од таква пластика ќе се распаѓаат со векови.

- Advertisement -

Токму затоа неодамна претставениот план има за цел да ги обедини најголемите индустриски играчи за заедно да се справат со проблемот. Имплементацијата на планот треба да финишира со исфрлањето од употреба на пластиката која се дели на микропластика до јули 2022 година.

Друга област која ја загрижува австралиската влада е пластиката која може да се рециклира. Многу компании произведуваат огромни количини пластика и ставаат ознака дека може да се рециклира. Проблемот е во тоа што само 18% од пластиката во Австралија се рециклира, а тој процент е уште помал на глобално ниво – само 9%. Рециклирањето на пластиката е процес кој има многу предизвици. Најпрвин, процесот е многу скап, па затоа многу компани избираат да произведат нова пластика. Австралија има добро развиен систем за рециклирање, но проблемот е во цената и селектирањето на отпадот кај домаќинствата.

- Advertisement -

National Plastics Plan исто така ќе се занимава и со компостабилната пластика. Владата веќе има регулаторни стандарди и сертификати за таквата пластика. За жал, најголем дел од стандардите се однесуваат на пластиката која може да се компостира во индустриски капацитети.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -