Во Израел пронајдена најстарата плетена корпа во светот

- Advertisement -

Совршено сочувана голема плетена корпа која е стара повеќе од 10.500 години беше откриена во Јудејската пустина. Експертите веруваат дека тоа е веројатно најстарата таква корпа во светот, а ја открија IAA лабораторијата во соработка со Одделот за археологија на Цивилна администрација.

„Ова е највозбудливото откритие кое сум го направил досега во животот“ вели д-р Хаим Коен од лабораторијата IAA.

- Advertisement -

Материјалите од четири различни делови од корпата биле анализирани за да се открие од кој период потекнува. Истражувачите заклучиле дека предмето бил произведен пред околу 10.500 години во текот на неолитскиот период пред откривањето на глината.

„Корпата има зафатнина од околу 92 литри. Уште не знаеме од кое растение е направена, но сега правиме анализи. Сепак, можеме речиси со сигурност да ви кажеме дека двајца луѓе ја плетеле и дека едниот од нив бил левичар“ вели д-р Коен.

- Advertisement -

Корпата била откриена во пештера, празна и затворена со капак. Во неа бил откриено само малку земја, а истражувачите се надеваат дека со анализи на таа почва ќе откријат што се чувало во корпата.

Според Коен, луѓето во тој период веројатно не живееле во пештерата и ја користеле само за складирање. Откривањето на корпата се случи во склоп на операцијата за надгледување на стотици пештери во Јудејската пустина со цел да се следат и да се зачуваат антиквитетите пред да завршат на некој приватен пазар, како што се случувало во минатото.

- Advertisement -

(Jerusalem Post)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -