Поддржани 15 микро и мали компании преку Пост Ковид-19 трансформативната програма

- Advertisement -

Петнаесет микро и мали компании се поддржани преку постковид-19 трансформативната програма на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Програмата е создадена со цел компаниите да ги надминат негативните влијанија од економската криза што ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Целта е да им се помогне на компаниите да ги одржат нивните позиции на пазарот и да создадат дополнителни работни места. Изборот на компаниите се прави по принципот „прв дојден, прв услужен”.

– Компаниите истовремено станаа членки на Комората, им беше овозможено менторство и изработка на поединични бизнис планови како и обуки во областа на дигитален маркетинг, продажба и преговарања. Cо создавањето на оваа програма, Kомората докажува дека секогаш е во чекор со различните надворешни фактори кои влијаат врз економијата на земјата и во исто време се покажува креативност и подготвеност за трансформирање на услугите кои се нудат за членките на СКСЗМ, кои ќе овозможат подобрување на условите за водење бизнис во земјата и по периодот на пандемијата, изјави Дриљон Исени, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија на денешниот завршен настан.

- Advertisement -

Според претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски, важно е да се инвестира во себе и во своите претпријатија.

– И доколку вие и вашите бизниси ги гледате придобивките од програмите на Комората, споделете го искуството и со други компании за да се приклучат и тие како платени членови. Помогнете им на коморите да станат одржливи, за и тие да можат да продолжат да ве оспособуваат со вештините кои сакате да ги стекнете, истакна Јаноски.

- Advertisement -

Настанот е оранизиран со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, како дел од активноста за зајакнување на капацитетите на бизнис организациите и подобрување на услугите што тие ги нудат на компаниите во државата. бак/скс/

Сподели!
- Advertisement -