Стриминг платформите во 2020 година имале 1,1 милијарда корисници, приходите над 68 милијарди долари

- Advertisement -

Во 2020 година, корисниците кои користеа услуги за стриминг преку интернет го надминаа рекордното ниво од 1,1 милијарда. Ова е зголемување од 26 отсто во споредба со претходната година, според информациите на Motion Picture Association.

Во САД најмалку 308,6 милиони домаќинства се претплатиле на видео-услуги на интернет во 2020 година, што претставува зголемување за 32 отсто на годишно ниво.

- Advertisement -

Пандемијата Ковид-19 донесе бројни предизвици за економиите ширум светот, но филмската, телевизиската и стриминг индустријата „ја држеа публиката поврзана и забавувана“, изјави Чарлс Ривкин, претседател и извршен директор на Motion Picture Association во соопштението за јавноста.

Меѓународниот пазар на дома/ мобилни стриминг услчуги оствари глобален приход од 68,8 милијарди долари, што е за 23 отсто повеќе во однос на 2019 година. САД придонесоа со 30 милијарди долари за овој приход во 2020 година.

- Advertisement -

Зголемената побарувачка за услуги за стриминг преку интернет помогна да се неутрализираат финансиските удари што ги претрпеа кино благајните поради пандемијата на коронавирусот, јавија американски медиуми.

Сподели!
- Advertisement -