Израелски научници развиваат вакцина против КОВИД-19 во форма на таблети

- Advertisement -

За сите кои се плашат од вакцинирање против КОВИД-19 поради страв од иглите решението би можело да дојде од Израел. Американско-израелската фармацевтска компанија Oramed Pharmaceuticals треба наскоро да почне со првата фаза од клиничките испитувања на првата светска вакцина против КОВИД-19 која се зема орално.

Потенцијалната вакцина се базира на технологија која ја разви Универзитетскиот медицински центар Hadassah, а има форма на капсула. Технологијата на Oramed може да се користи и за која било терапија базирана на протеини, која инаку би била применета на класичен начин преку инјекција.

- Advertisement -

Оралното земање вакцини против КОВИД-19 би елиминирало неколку препреки кои ги има моментално и ја оневозможуваат брзата и широка дистрибуција на вакцините. Оралното земање вакцини би овозможило и вакцинирање дома, особено ако КОВИД-19 стане сезонска појава како грипот, вели директорот на Oramed, Надав Кидрон.

Засега е спроведена пилот-студија на животни, која покажа дека вакцината го поттикнува развојот на имуноглобулин G и A антитела, кои се потребни за создавање краткорочен и долгорочен имунитет. Кидрон додаде дека нивната вакцина таргетира три структурни протеини на новиот корона вирус, за разлика од другите вакцини кои го таргетираат само шилестиот протеин. Тоа би можело да значи дека оваа вакцина е поотпорна на разни варијанти на корона вирусот, вели Кидрон.

- Advertisement -

Освен тоа, станува збор за вакцина која за базира на квасец, што значи дека производството е многу поевтино од другите, но носи и помалку нуспојави. Кидрон очекува дека првата фаза од клиничките тестирања на луѓе може да започне во наредните три месеци, а би вклучувала тестирање на повеќе подрачја во САД, Израел, Европа и во Мексико.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -