Компанијата Ford најави дека ќе овозможи до 30.000 вработени ширум светот засекогаш да работат од дома. Во јули годинава вработените во Ford ќе можат да се вратат во канцеларија поради работните задачи кои бараат присуство на состаноци или поради заеднички проекти.
Исто така, можат да изберат да работат од дома ако е во прашање која било друга задача. Флексибилното работно време, пак, за вработените кои работат од дома ќе мора да го одобрат менаџерите на Fordi.
Ford, исто така, формираше конзорциум кој треба да ги утврду можните сценарија на работењето од дома. Во јуни минатата година анкетата на Ford покажа дека 95% од нивните вработени би сакале некоја комбинација на работа од дома и во канцеларија.
Откако Facebook и други компании најавија дека размислуваат да овозможат работење на далечина, автомобилскиот сектор сепак уште нема ниедна таква компанија, освен Ford, која формално објави дека работењето на далечина станува страјно, барем за дел од работната сила.
Toуota и General Motors најавија дека во јуни или јули ги враќаат вработените кои работеле на далечина. Ford планира да продаде дел до зградите и консолидација на работните простории после одлуката 30.000 вработени засекогаш да работат од дома.
(Bizlife)