Натали и Костадин Бетоф започнаа производство на чорапи и кошули од органски памук и бамбус!

- Advertisement -

Чорапите одамна не се тоа што биле некогаш. Безлични и готово незабележителни парчиња текстил кој ѕирка помеѓу работ на пантолоните и чевлите. Детал кој главно се купувал стихијно, без многу размислување и на кој не се обрнувало внимание. Веќе неколку сезони , чорапите се моден израз, додаток кој на нашите комбиниции на облекување им дава карактер, ги прави интересни, поинакви, разиграни.

Денес ги отфрламе сите правила кои некогаш важеле и фокусот го ставаме на чорапите кои ги носиме со сандали, ги навлекуваме до колена, шарените ги комбинираме со строги одела, дреч боите на чорапи ги спасуваме со ултра класични чевли, а досадните аутфити ги освежуваме со чорапи кои повеќе не ги криеме.

- Advertisement -

И сето ова може да ви звучи познато, освен фактот што оваа приказна не е само уште еден во редицата брендови со чорапи кои имаат дезени со овошје и животинки.

Ова е БЕТОФФ брендот кој ги носи првите дизајнирани бамбус чорапи во Македонија во кои приказната има и лев и десен чорап, логото е една кокошка, а на чорапите друштво им прави колекцијата кошули од 100% чист памук.

- Advertisement -

Време е за одржлива дизајнерска облека.

Натали и Констадин Бетоф се младиот брачен пар кој стои зад оваа уникатна приказна.

- Advertisement -

Интервју на Љубица Ангелкова

За почеток, раскажете ни како се роди идејата за брендот Bettoff?

Разбивање на градското сивило и внесување на еко приказна во светот на чорапите и кошулите. Ова е приказна за сите вистински вљубеници во чорапи жедни за одважен дизајн. Згора на тоа светлото на денот го здогледа и нашата прва колекција на кошули направени од 100% органски памук. Целта ни беше да вклучиме целосно природни материјали, а дизајнот да се базира на впечатлива, разиграна, но притоа нималку детска естетика. Ненаметлив, но единствен концепт, со фокус на природно, на лежерно и ставање на вистинска точка на зборот стил.

Ова што го гледате е резултат на нашата заедничка љубов кон дизајнот, уметноста, музиката, модата и животот….Но, покрај креативноста, ние тука зборуваме и за удобност, квалитет и етичко работење кое подразбира еколошка одржливост.

Ова е семејна бизнис приказна

Модата отсекогаш ни била страст за двајцата и бидејќи долго време се прашувавме зошто е толку тешко да се најде модерна облека, изработена од природни материјали, конечно решивме да го направиме тоа.

Удобна и експресивна облека, но што е најважно, направена од природни материјали. Органските и природните материјали стануваат наше платно, оставајќи им да зборуваат и да ја споделуваат приказната со целиот свет. Ова е нешто со што се гордееме и планираме постојано да го правиме. Модата ни дава шанса да ја изразиме нашата личност, па затоа направивме бренд што се идентификува со нас.

Лансиравте два продукти. Ве молиме опишете ги.

Уште од првото парче облека што го создадовме, верувавме во важноста на еколошката и одржлива мода. Од продуктот кој е создаден од органски материјали, па се до пакувањето, кое е биоразградливо… Внимававме на секој детал.

Нашата прва колекција Yatta Collection, е од посебен карактер за нас. Bettoff чорапите, ги има во 9 дизајни. Изработени се од најквалитетни бамбус ткаенини, еколошки, дизајнирани со весели дезени и имаат неверојатни природни карактеристики: тие се исклучително меки и удобни, ја регулираат температурата, нивните антибактериски својства помагаат во спречување на мирисот и во одржувањето на здравјето на нозете, влакната се супер апсорбирачки. Во суштина ја бришат влагата на стапалата, одржувајќи ги суви и удобни.

Исто така многу карактеристично за нашите чорапи е тоа што секој пар се состои од лев и десен чорап што значи не би можеле да ја утнете приказната што ви следува. Ние имаме еден слоган а тој звучи вака: Just put them on and you might want to go out without shoes.

Вториот продукт кој го лансиравме се Bettoff кошулите, кои се изработени од 100% памук. Се работи за три модели. Нивната изработка се состои од неколку детали што им дава посебно значење, од везовите на јаките и манжетите, па се до називот на секој модел.

Идејата беше да ја манифестираме индивидуалната убавина преку извонредни, посебни парчиња облека и природни материјали.

Еко френдли модата светот ја препозна одамна. Колку кај нас, свеста за одржлива мода е на ниво да може да поддржи опстојување на еден бизнис кој се базира исклучиво на еко-френдли концепт?

Доаѓа време кога нема само да се внимава на здрава храна, туку и на “здрава мода”. Овој концепт брзо ја менува модната индустрија глобално. Модната индустрија, одамна е ставена на листата на индустрии која штети на околината. Светот станува свесен за ова, така што еко одговорните модни брендови се пионери кои таа слика ја менуваат. Дизајнерите на еко мода се соочуваат со сериозни пазарни проблеми, бидејќи производството на еко одговорна мода е скапа работа. Но, ако сакаме да го спасиме светот, мораме и да платиме. Користиме материјали направени од бамбус, органски памук. Во потрага сме во материјали направени и од еукалиптус.

Како ги избирате соработниците? Дали тие поседуваат сертификати дека нивното произвдство ги задоволува сите критериуми на еко, од сировина, преку природни бои, па до остатоци од материјали кои при изработка се создаваат?

Ни требаше долго време додека ги најдеме вистинските соработници, меѓутоа решаваш да веруваш дека ќе ги најдеш вистинските…. и толку.

Искрено, нашите соработници се врвни во индустријата во која работат и задоволство е да се работи со такви фабрики. Многу се трпеливи со нашите барања и ни помогнаа да ги изведеме идеите на совршен начин. Без нив ништо од тоа што сме замислиле немаше да биде возможно. Благодарни сме и планираме понатамошна соработка со секој од нив. Во врска со стандардите, секако дека ги задоволуваат сите критериуми и поседуваат сертификати за еко производство.

Кога зборувате за брендот, секогаш се навраќате на темата на кокошката, како симбол кој го користите и во креативата за брендот. Зошто?

Како и многу други парови кои се навраќаат како започнала приказната со нивните сакани, така мојот сопруг и јас скоро и секогаш се враќавме на темата – убавата кокошка во нашите животи што ја има целата заслуга за тоа што сме заедно. Затоа, решивме да започнеме приказна за убавата кокошка и нејзиното влијание, опкружувајќи една убава идеја што заврши претставувајќи го нашиот иден бренд.

Bettoff Brand од старт се поинакви. Водат поинаков маркетинг, градат весели кампањи и исклучиво онлајн ќе продаваат. Во план им е развој на уште некои производи направени од органски материјали, но за тоа во некоја следна прилика.

Сподели!
- Advertisement -