Кинеската вакцина на Sinopharm можеби ќе треба да се дава во три дози

- Advertisement -

Киинеската национална фармацевтска групција Sinopharm ќе ги испита резултатите од третата фаза од клиничките тестирања во странство за да донесе одлука дали двојната доза оод нивната вакцина против корона вирусот ќе биде доволна или ќе биде пторебна трета ревакцинација.

Како што пренесува Reuters, регулаторите и производителите на вакцини ја испитуваат оваа можност порљади загриженост дека новите варијанти на корона вирусот можат да ја ослабат заштитата која ја создава вакцината направена против првобитните варијанти.

- Advertisement -

Според резултатите на клиничките испитувања, антителата кои ги создава кинеската вакцина траат околу шест месеци, изјави Шанг Јунтао, потпретседател на CNBG, филијала на Sinopharm.

„Прелиминарните резултати досега покажаа дека дополнителната ревакцинација ќе го зголеми бројот на антителата и истовремено ќе ја подобри способноста на вакцината да ве одбрани од мутациите на вирусот. Дали дополнителната вакцинација е неопходна и кога би требало да се прими ќе покажат резултатите од идната трета фаза на клиничките испитувања“ изјави Жанг на прес-конференција.

- Advertisement -

Антителата кои ги произведува двојната доза од вакцината на Sinopharm имаат многу добар неутрализирачки ефект на британската и јужноафриканската варијанта на вирусот, покажале резултатите од лабораториските истражувања при кои биле користени примероци на крв од учесниците во клиничката студија.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -