Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 % во однос на Одлуката од 22.3.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 ден/кг.
Од 30.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 66,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 68,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 55,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 44,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,426 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 4,255%, дизелот за 5,212%, екстра лесното масло за 5,258% и кај мазутот за 4,219 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,457%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.3.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 22.3.2021), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,893 | 1,071 |
Австрија | 1,163 | 1,209 |
Бугарија | 1,069 | 1,069 |
Хрватска | 1,315 | 1,378 |
Германија | 1,311 | 1,508 |
Грција | 1,324 | 1,601 |
Италија | 1,445 | 1,579 |
Унгарија | 1,219 | 1,190 |
Словенија | 1,206 | 1,174 |