Поднесено барање за регистрација на полесна верзија на вакцината Sputnik V, која се дава во една доза

- Advertisement -

Руското Министерство за здравство пондесе барање за регистрација на полесна верзија на Sputnik V, која се дава во една доза. Русија минатата недека објави дека завршиле клиничките испитувања на таа полесна верзија на вакцината против КОВИд-19, која е привремено решение за земјите со високи стапки на зараза.

Од Москва наведуваат дека Sputnik V, која се дава во две дози, и понатаму ќе биде главната вакцина за употреба во Русија. Нешто повеќе од 4 милиони Руси ги имаат примено двете дози од вакцината, а 2 милиони Руси се вакцинирани со првата доза. Вкупно се вакцинирани околу 4% од населението, со што Русија заостанува зад земјите како САД и Обединетото Кралство.

- Advertisement -

Рускиот претседател, Владимир Путин, минатиот вторник беше вакциниран против корона вирусот, но не е познато со која вакцина. Тој објасни дека вакцинирањето било без камери затоа што не сакал од себе да прави будала пред камерите и ги повика сите Руси да се вакцинираат.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -