Импресивно видео од автопилотот на Илон Маск

- Advertisement -

Дел од сопствениците на автомобили на Teslа веќе некое време уживаат во можностите на софтверот Full Self-Driving Beta, со кој возилата можат да управуваат самостојно и без интервеција на возачите. Сепак, бидејќи не е целосно автономно возило каде што целосно се препушта контролата на компјутерот, секогаш треба да ги имате рацете на воланот за да можете да реагирате навреме поради евентуален пропуст и грешка на компјутерот. Исто така, возачите се единствено одговорни за автомобилот, па во случај на прекршок или незгода вината ќе падне на возачите.

Досега на интернет се објавија многу видеа од автопилотот на Tesla во акција кои ги покажаа сите можности на автономната технологија на Маск, а еден сопственик на Tesla со регистарска ознака Driver AI објави ново фанстастично видео на кое може да се види што прави компјутерот во текот на возењето. Видеото ја прикажува возуализацијата на патот, автомобилите во движење, паркираните автомобили, семафорите, сообраќајните знаци итн.

- Advertisement -

Бидејќи видеото е направено ноќе, посебно е импресивно на визуализацијата да се види како компјутерот на Teslа ги забележува другите автомобили пред да може да се видат и со голо око. Исто така, автомобилот при возењето се однесува како со него да вози човек. Видеото е уште еден доказ колку е напредната технологијата на Teslа и дека компјутерите може да бидат безбедни и сигурни возачи.

(Elektrek)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -