Турција развива своја вакцина против корона вирусот

- Advertisement -

Се очекува дека првата вакцина против корона вирусот произведена во Турција да биде готова до крајот на ова лето. Оваа информација ја потврди и министерот за здравство на Турција, Фахретин Коча, обраќајќи се на брифинг за медиумите на Светската здравствена организација.

„Верувам дека нашата прва вакцина против корона вирусот ќе биде спремна и успешна до август или септември, односно до крајот на летото“ изјави Коча.

- Advertisement -

Тој се заложи за глобална достапност на вакцината и наведе дека правата за интелектуална сопственост не се проблем. Додаде и дека 18 кандидати за вакцина од Турција се наоѓаат на листата на СЗО.

Во Турција во последните 24 часа се забележани над 40.000 новозаболени, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Бројот на починати се покачи на вкупно 31.700.

- Advertisement -

(akta.ba)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -