Отпадоци од портокали се претвораат во електрична енергија

- Advertisement -

Компанија од Севилја, Шпанија ја истиснува целата енергија од отпадоците од портокали и ја претвора во електрицитет. Таа енергија потоа се користи за напојување на домовите и за намалување на емисијата на стакленички гасови.

Метанот кој го испуштаат портокалите се собира и се користи за генерирање енектрицитет. Со таа енергија се напојува локалната прочистителна станица за вода.

- Advertisement -

Новата програма на градските власти покажа дека од 1 тон постокали може да се дoбијат 50 киловат-часови енергија, што е доволно за да се напојуваат со енергија пет домаќинства.

Ако се рециклира отпадот од сите портокали во Севилја, 73.000 домови ќе може да се напојуваат со енергија во текот на целата година.

- Advertisement -

Фабриките за вода во Севилја веќе користат 70% енергија од обновливи извори, но целта е да се достигне 100% и вишокот произведена енергија да се враќа назад пак во мрежата.

Портокалите кои се користат за оваа цел се премногу горчливи за да се јадат, па најчесто се фрлаат пред почетокот на летото.

- Advertisement -

(AP Archive)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -