Апликација со вештачка интелигенција детектира КОВИД-19 од вашиот глас

- Advertisement -

Бидејќи корона вирусот нема наскоро да исчезне, компаниите се трудат да најдат брзи начини за детектирање на вирусот што е можно порано. Една таква компанија е Vocalis Health, која развива апликација за детектирање на КОВИД-19 преку вашиот глас. На клиничките студии системо покажал прецизност од 81,2%, а се што требало да направат луѓето кои учествувале во истражувањето да бројат од 50 до 70.

Целта на VocalisCheck е да функционира како додаток на постојните тестови за КОВИД-19, а не да ги замени. Креаторите на апликацијата се надеваат дека со помош на неа ќе успеат да го минимизираат ширењето на инфекцијата меѓу здравствените работници, како и дека ќе се заштедат традиционални тестови за луѓето кои се во поголем ризик од инфицирање.

- Advertisement -

VocalisCheck функционира и на телефон и на компјутер и бара од корисникот да брои од 50 до 70. Снименото аудио потоа се претвора во визуелан репрезентација на гласот или спектрограм, кој е составен од 512 различни карактеристики за да се направи дијагноза. Потоа вештачката интелигенција го споредува спектрограмот со композитна фотографија од гласот на луѓето кои имале КОВИД-19. Од април минатата година Vocalis Health собира примероци од гласови на луѓе инфицирани со вирусот за подобро да фунцкионира нивниот систем.

Резултатите се појавуваат за нецела минута. Во зависност од резултатот, корисникот потоа прави традиционален тест со плунка за да се потврди дијагнозата.

- Advertisement -

Vocalis Health е од Израел и склучи партнерство со Municipal Corporation of Greater Mumbai (MCGM) за заедно да ја основаат пилот-програмата VocalisCheck, во рамките на која беа тестирани над 2.000 кои зборуваат на различни јазици.

„Битно е да напоменеме дека VocalisCheck не сака да ги замени PCR тестовите. Новиот систем има за цел проверка, а не поставување дијагноза“ велат од Vocalis Health. Тимот на Vocalis Health посочува и дека оваа алатка за препознавање глас е особено корисна за луѓе кои се асимптоматски и кои не покажуваат јасни знаци на КОВИД-19 во текот на обичните тестови со плунка.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Vocalis Health)

Сподели!
- Advertisement -