Поштата на Македонија отвори прва електронса продавница

- Advertisement -

Од денес е активна www.postashop.mk – првата електронска продавница на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“, соопштија од „Пошта на Северна Македонија”.

Потрошувачите во моментов можат да изберат помеѓу повеќе од 60 различни артикли на повеќе домашни и странски брендови, велат од таму.

– Онлајн трговијата е во постојан подем насекаде во светот, а особено изминатава година кога сите сме соочени со ризиците предизвикани од Ковид-19 пандемијата. Официјалните податоци покажуваат раст од 135 отсто од вредноста на реализирани онлајн трансакции кон македонски онлајн продажни места во 2020 споредено со минатата 2019 година. Тоа е потенцијал кој ние како Пошта планираме целосно да го искористиме, а новата платформа е само почеток во новитетите кои ги предвидуваме во оваа насока, посочи Јани Макрадули, генерален директор на Пошта.

- Advertisement -

Од компанијата велат дека „Пошта шоп“ е шанса за сите, особено за малите компании да имаат e-платформа, а за сите филателисти платформата нуди и можност за купување на поштенски марки. Доставата се врши како експресна пратка преку ЕМС службата, а рокот за достава е 24 часа во Скопје и 48 часа низ целата Република, не сметајќи го денот на прием на нарачката.

– Уште 10 нови производи следните денови ќе станат дел од понудата на нашата онлајн продавница, а во завршна фаза само во моментов се и 7 договори кои Пошта ги склучува со нови соработници. Продолжуваме со силно темпо да ги следиме и воведуваме сите меѓународни трендови, а со тоа и да го трасираме патот на Пошта да стане клучен доставувач во домашниот пакетски сообраќај, истакна Макрадули.

- Advertisement -

Пошта во текот на минатиот месец ја обнови и можноста за вршење на услуги од платниот промет во над 300 поштенски единици низ целата земја со што ја збогати својата палета на услуги за потрошувачите, придонесувајќи за намалување на гужвите пред банките за наплата на сметки, како и правејќи ја оваа услуга достапна и во места каде граѓаните и компаниите немаат алтернативен начин за вршење на вакви услуги.

Сподели!
- Advertisement -