Skopje Marketing Summit ќе се одржи онланј на 20 мај!

- Advertisement -

Reframing the Future! или Преобликување на иднината е контекстот под кој Маркетинг агенцијата Кликер и редакцијата на трејд магазинот InStore го најавуваат првиот Skopje Marketing Summit 2021, кој ќе се одржи онлајн на 20 мај.

Предвидувањето и планирањето на иднината во време на невидени глобални промени, никогаш не било потешко. А сепак потребата за визија, иновација и трансформација никогаш не била поизразена кај бизнисите. Глобалната Covid пандемија ги преобликуваше животите и барањата на бизнисите и брендовите, како и секојдневната слика на пазарите во која делуваат. А најмногу ги промени навиките на потрошувачите.

- Advertisement -

Skopje Marketing Summit, ќе се обиде да ги доближи предвидувањата и промените  за иднината на маркетингот, и сето тоа засновано на сегашната торбулентна реалност која ни се случува.

На Skopje Marketing Summit ќе се претстават десет искусни маркетинг професионалци/говорници кои преку своите презентации ќе ги откријат клучните предизвици и промени кои ќе влијаат на  маркетинг активностите на брендовите во иднина.

- Advertisement -

Меѓу другото говорниците ќе споделат и свои согледувања во тоа дали и колку брендовите се загрозени во новите текови, дали во услови на пандемија сепак брендовите може да бидат стабилни и дури да остварат раст, колку се важни податоците и како да се искористат при креирање на брендови и нивно лансирање на пазарот итн.

Skopje Marketing Summit е наменет за сите маркетинг професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://www.marketing-summit.mk/

- Advertisement -

Се гледаме онлајн на 20 мај!

Сподели!
- Advertisement -