Додека пандемијата и карантинот тешко им паднаа на многуминаа, најтешко им беше на авиокомпаниите. Тие се соочија со празни авиони и милиони откажани билети поради КОВИД-19, па речиси сите паднаа во финансиска криза. Но, изгледа некои почнуваат да се враќаат во игра.
Така, Qatar Airways објавија дека го организирале првиот авионски лет во светот на кој имало само патници и екипаж кои се вакцинирани против КОВИД-19 – летот со број QR6421 од Интернационалниот аеродром Хамад.
Извршниот директор на групацијата Qatar Airways, Неговата екселенција господин Акбар Ал Бакер, изјави дека посебниот лет е најава дека не е далеку наредната фаза од закрепнувањето на интернационалниот транспорт.
„Горди сме што продолжуваме да бидеме лидери во индустријата со првиот лет во светот организиран со целосно вакциниран екипаж и патници. Ова е ронка наде за иднината на авиопревозот“ рече Ал Бакер.
Додаде и дека со оглед на тоа што авиоиндустријата е суштински економски двигател на глобално ниво, благодарни се што добиле поддршка од владата и од локалните здравствени власти за да ги вакцинираат вработените.
Летот, исто така, е првиот лет во светот со технологија за забава на патниците за која не е потребен никаков контакт. Авиокомпанијата откри и дека е првата авиокомпанија на Средниот Исток која ја тестира мобилната апликација International Air Transport Association (IATA) Travel Pass, која патнциите можат да ја користат за да ги добијат и да ги зачуваат резултатите од своите КОВИД-19 тестови од акредитирани лаборатории.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)