Oбјавени новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,76 % во однос на Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.04.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година.

- Advertisement -

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 07.04.2021 година .

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг.

- Advertisement -

Од 13.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           67,00  (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            69,00  (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      58,00  (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             57,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      34,266  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,044%, кај  дизелот за 0,121%, кај екстра лесното масло за 0,031 %  и кај мазутот намалувањето е за 1,2 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,678%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.4.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 5.4.2021), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95 (цените во ЕУ земјите се од 05 април 2021)

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
С. Македонија 0,942 1,088
Австрија                         1,167 1,214
Бугарија 1,076 1,081
Хрватска 1,298 1,369
Германија 1,308 1,513
Грција 1,322 1,600
Италија 1,440 1,575
Унгарија 1,206 1,186
Словенија 1,206 1,184
Сподели!
- Advertisement -