Mакедонскиот лајфстајл бренд Шизик на ризик неодамна ја прошири својата палета на производи со уште еден дизајнерски производ. Тоа е сетот од десет 
 разгледници наречен „Поздрав од Скопје” – наменет за скопјани, за туристите 
 во Скопје, но и за сите љубителите на добриот дизајн.  
Изданието е составенo од 10 оригинални графички решенија со илустрации и 
 фото-колажи од скопските архитектонски знаменитости, културни обележја и 
 урбани мемории. Секоја поединечно е знак за урбаниот живот, запис за 
 идентитетот на градот и неговата душа.  
Испечатени на хартија со заднина за пишување, картичките се идеални за 
 испраќање, но и за врамување за во домот или во јавните објекти, што сетот 
 „Поздрав од Скопје” го прави одличен подарок или сувенир. 
Сетот картички, надополнет со 10 пликоа и спакуван во атрактивно плик 
 пакување, е првиот производ на Шизик на ризик наменет за широкопродажба, 
 и наскоро, освен во продавницата на Шизик на ризик во центарот на Скопје (
 https://bit.ly/3sooxjw) и онлајн (https://bit.ly/3uVydDP), ќе можеме да го 
 сретнеме и низ скопските хотели, книжарници и продавници за подароци. 


 
                                    
