Johnson&Johnson ги повика сите конкуренти заедно да го решат проблемот со згрутчувањето на крвта

- Advertisement -

Компанијата Johnson&Johnson контактираше со конкурентските производители на вакцини против КОВИД-19 да се вклучат во заедничко истражување на ризикот од појава на згрутчување на крвта, напиша Wall Street Journal.

AstraZeneca, која со недели е погодена од проблеми со згрутчување на крвта кај повеќе пациенти вакцинирани со нивната вакцина, ја прифати понудата, додека Рfizer и Moderna одбија со оправдание дека нивните вакцини се безбедни.

- Advertisement -

Американската сојузна здравствена агенција препорача да се паузира со вакцината на Johnson&Johnson најмалку неколку дена откако шест жени помлади од 50 години имаа ретка појава на згрутчување на крвта после вакцинирањето.

Минатата недела европските регулатори соопштија дека анализирале четири случаи на ретко згрутчување на крвта после примањето на вакцината на Johnson&Johnson во САД, после што компанијата почнала да контактира со останатите производители на вакцини.

- Advertisement -

Pfizer и Moderna се спротивставија затоа што не гледаат потреба за зголемување на напорите на агенциите и компаниите кои веќе се занимавале со проблемот со згрутчување на крвта и ги истражувале причините. Луѓето кои ги примиле вакцините на Pfizer и Modernа немаат пријавено штетни нуспојави, велат компаниите.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -