Ова е најголемата внатрешна вертикална градина во Европа. Живиот ѕид создржи речиси 23.000 растенија, а се наоѓа во стара фабрика за тутун во Сантандер, Шпанија. Таа фабрика ќе биде претворена во општински центар.
Вертикалната градина има површина од околу 600 квадратни метри. Растенијата на ѕидот се поставени во зависност од тоа колку светлина им треба, а бидејќи потекнуваат од различни климатски зони, секогаш има некои кои се расцветани.
Градинарите кои ја одржуваат ги негуваат растенија со помош на кран и тоа растение по растение. Живите ѕидови како овој имаат големи бенефити по здравјето на луѓето. Тие го филтрираат воздухот и ги отстрануваат опасните загадувачи, ја регулираат амбиенталната температура и ја намалуваат бучавата.
Доколку, пак, се постават во канцеларии ќе го намалат и нивото на стрес на вработените, а дури можат и да ја подигнат продуктивноста.
(World Economic Forum)
(фото: YouTube screenshot)