Магнетна подводна бариера ги штити пливачите од ајкули

- Advertisement -

Оваа иновативна подводна бариера ги штити пливачите од ајкули. Направена е од редови флексибилни пластични цевки кои се фиксирани за морското дно и во себе содржат магнети кои создаваат магнетно поле.

Тоа поле ги држи ајкулите подалеку од пливачите и сурферите. Бариерата не им пречи на бродовите да пловат во водите, а нема негативно влијание ни на морскиот свет.

- Advertisement -

Од 1900-тите години наваму се зголемува бројот на напади на ајкули. Минатата година на светско ниво биле нападнати 96 луѓе. Просечно ајкулите убиваат по 6 луѓе годишно. Иако се ретки, сепак предизвикуваат страв кај луѓето, а со тоа му наштетуваат на туризмот и на локалните бизниси.

Моментално крајбрежните региони користат контроверзни мерки за да ги заштитат пливачите како што се огромните јадици дизајнирани да ги убијат ајкулите или мрежи, кои му наштетуваат на локалниот биодиверзитет.

- Advertisement -

Бариерата SharkSafe Barrier не ги поврдува ајкулите, а ги штити луѓето од траумите на каснувањето од ајкула. Истовремено ја штити локалната економија.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: SharkSafe Barrier)

Сподели!
- Advertisement -