Mакедонскиот лајфстајл бренд Шизик на ризик неодамна ја прошири својата палета на производи со уште еден дизајнерски производ. Тоа е сетот од десет разгледници наречен “Поздрав од Скопје” – наменет за скопјани, за туристите во Скопје, но и за сите љубителите на добриот дизајн.
Изданието е составенo од 10 оригинални графички решенија со илустрации и фото-колажи од скопските архитектонски знаменитости, културни обележја и урбани мемории. Секоја поединечна е знак за урбаниот живот, запис за идентитетот на Градот и неговата душа.
Испечатени на хартија со заднина за пишување, картичките се идеални за испраќање, но и за врамување за во домот или во јавните објекти, што сетот “Поздрав од Скопје” го прави одличен подарок или сувенир.
Сетот картички, надополнет со 10 пликоа и спакуван во атрактивно плик пакување, е првиот производ на Шизик на ризик наменет за широкопродажба, и наскоро, освен во продавницата на Шизик на ризик во центарот на Скопје (https://bit.ly/3sooxjw) и онлајн (https://bit.ly/3uVydDP), ќе можеме да го сретнеме и низ скопските хотели, книжарници и продавници за подароци.
Видео: