Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92 % во однос на Одлуката од 12.04.2021 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 12.04.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,726 ден/кг и сега ќе изнесува 34,992 ден/кг.
Од 20.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 58,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 58,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,992 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,391%, кај дизелот за 3,787%, кај екстра лесното масло за 3,160 % и кај мазутот за 3,852 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,764%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.4.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 12.4.2021), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95 (цените во ЕУ земјите се од 12 април 2021)
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
С. Македонија | 0,950 | 1,096 |
Австрија | 1,163 | 1,218 |
Бугарија | 1,086 | 1,086 |
Хрватска | 1,286 | 1,369 |
Германија | 1,308 | 1,517 |
Грција | 1,319 | 1,600 |
Италија | 1,435 | 1,573 |
Унгарија | 1,183 | 1,191 |
Словенија | 1,206 | 1,184 |