Стартап од Уганда прави килими и вештачка коса од отпадоци од банани

- Advertisement -

Уганда е најголемиот производител на банани во Супсахарска Африка, а ова овошје кое е многу подложно на болести сега ќе го користи еден локален стартап за производство нa еколошки производи како текстил, килими, вештачка коса итн., пренесува Reuters.

TexFad е стартап кој ги користи природните влакна од бананите кои инаку завршуваат во отпад. Стартапот е основан од Кимани Мутури. Таму ги екстрахираат влакната од бананите кои инаку фармерите ги согоруваат или ги фрлаат после бербата.

- Advertisement -

Процесот на TexFad ги дели стеблата на бананите на половина со мачети и потоа се ставаат во машини.Тие машини ги трансформираат стеблата во влакна кои се сушат пред да се процесираа и од нив да се добијат еколошки производи. Мутир вели дека неговата оригинална идеја била да најде начин да го искористи огромниот отпад кој се генерира на плантажите за банани секоја година. Така почнале да експериментираат со различна примена на влакната од бананите за килими и за вештачка коса.

„Вештачката коса е биоразградлива и после употребата дамите можат да ја закопаат во почва и да ја претворат во ѓубриво за растенијата“ вели Мутури.

- Advertisement -

Како што најавува, можеме да очекуваме многу работи од нив. Тие моментално тестираат процес за омекнување на влакната од бананите за да може да се користат за производство на облека. Мутури вели дека верува оти влакната од бананите се влакната на иднината и еден ден може дури да ги заменат и хартиените производи како банкнотите.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: TexFad screenshot)

Сподели!
- Advertisement -