Научници испечатија панкреас кој може да стави крај на дијабетесот

- Advertisement -


Компанија неодамна разви нов систем способен за печатење биолошко ткиво за само 30 секунди. Тоа значи дека се отвора простор за ставање крај на дијабетесот, се вели во објавата на официјалната веб страница на Федералната политехничка школа на Лозана.

Компанијата се вика Readily3D, а нејзината технологија најде примена во голем европски проект за правење жив модел од човечки панкреас, кој исто така може да биде и безбедна алтернатива за тестирање нови лекови наместо тестирање на животни. Еден ден во иднина оваа технологија за биопечатење може да овозможи правење на функционални органи за трансплантација.

- Advertisement -

Процесот на дизајнирање на 3Д печатен панкреас почнува со проѕирна форма на екранот на компјутер, а целиот процес трае 30 секунди за печатење на ткиво со крвни садови, а сето тоа од мал примерок на матични клетки. Сето тоа е овозможено од новата технологија на Лабораторијата за применети фотонични уреди при Федералната политехничка школа на Лозана. Оваа технологија неодамна беше избрана за иницијативата Enlight, чија цел е креирање на фунцкионален модел на човечки панкреас со цел тестирање лекови за дијабетес.

Панкреасот е многу битен орган кој се наоѓа зад стомакот. Врши многу функции како што е производство на биокарбонати и енизми потебни за дигестија и исто така излачува повеќе хормони како инсулинот, кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Тоа значи дека кога ќе заболи панкреасот, потоа следува појава на дијабетес затоа што оштетените клетки не се способнби за создавање инсулин.

- Advertisement -

Повеќе од 450 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а од нив 60 милиони живеат во Европа. Околу 4,4% од популацијата на Швајцарија ја има таа болест. Освен тоа, тој број постојано се зголемува и во Европа и во светот. Како втора најчеста причина за ампутација на делови од телото, дијабетесот 9 пати го зголемува ризикот од мозочен или срцев удар и е број еден причина за слепило кај возрасните луѓе. Но, со биопечатениот панкреас научниците ќе можат да го забрзаат поставувањето дијагноза и третирањето на дијабетесот.

Бенефитите од биопечатениот панкреас се повеќекратни. Најпрвин, таквиот панкреас ќе може целосно да се прилагоди на матичните клетки на пациентите и нема да има потреба од тестирање на животни. Освен тоа, пациентите нема да мора да испробуваат експериментални лекови, од кои некои имаат непријатни нуспојави.

- Advertisement -

Оваа технологија уште е во развој и има уште долг пат додека да почне практично да се применува за замена на нефункционални човечки органи.

(Interesting Engineering)

(фото: ndla.no)

Сподели!
- Advertisement -