Избран автомобилот на годината за 2021

- Advertisement -

Жири во состав од над 90 новинари од 28 земји избраа победници во пет категории, вклучувајќи го и победникот во категоријата најдобар автомобил во светот за 2021 година. Volkswagen жестоко тргна во електрификација на автомобилите и веруваат дека за неколку години можат да земат голем дел од пазарот на електрични автомобили. Моделот кој треба да им помогне во исполнувањето на таа цел е ID.3, кој го нарекоа третиот најбитен автомобил во историјата на компанијата после „буба“ и „голф“. Но, вниманието на љубителите на Volkswagen и на електричните возила привлече еден друг автомобил SUV моделот ID.4. Пофалби за токму тој автомобил неделава пристигнаа и од експертите и на изборот World Car Awards токму ID.4 беше прогласен за автомобил на годината за 2021 година.

Според правилата на World Car Awards, за еден автомобил да може да конкурирра во некоја категорија е да се појави во продажба од 1 мај 2020 и 1 мај 2021 година на најмалку два големи пазари и на најмалку два континенти, а бројот на произведени модели по година мора да изнесува најмалку 10.000.

- Advertisement -

ID.4 ја однесе победата пред модели како Hondа E и Toyotа Yaris, кои исто така влегоа во потесен избор. Освен за најдобар автомобил на годината, награди беа доделувани и во уште неколку категории. Кога веќе не ја освоија главната награда, од Hondа можат да бидат задоволни со победата в една утешна категорија – моделот Honda E ја освои наградата за најдобар урбан автомобил на годината.

Што се однесува на останатите категории, наградата за најдобар луксузен автомобил на годината оди во Германија затоа што жирито најмногу гласови му дадоа на Mercedes-Benz S класа. Land Rover Defender доби награда за најдобро дизајниран автомобил, додека наградата за најдобтри перформанси ја доби новиот Porsche 911 Turbo.

- Advertisement -

(Ars Technica)

(фото: VW)

Сподели!
- Advertisement -