Жителите на Казахстан примаат домашна вакцина против корона вирусот

- Advertisement -

Казахстан почна со вакцинација против корона вирусот со сопствената вакцина Kazvac (QazVac), која е во третата фаза од клиничките испитувања. Како што јавува тамошната државна телевизија, 50.000 вакцини во две дози, кои ги разви Државниот институт за истражување на биолошката безбедност, се дистрибуирани ширум Казахстан.

Казахстанскиот министер за здравје, Алексеј Кои, ја прими првата доза од вакцината на директен телевизиски пренос и наведе дека се чувствува добро и дека владата е во преговори со Турција за производство на вакцината.

- Advertisement -

Казахстан е првата земја која почна да ја произведува руската вакцина Sputnik V, која досега е доминантна во кампањите за имунизација против корона вирусот. Според најновите официјални податоци, повеќе од 309.000 луѓе во Казахстан досега се заразени со корона вирусот, а 3.570 умреле.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -