Секој осми жител во два швајцарски кантони е милионер

- Advertisement -

Во два од вкупно 26 швајцарски кантони еден од осум жители е милионер. Станува збор за кантоните Швиц и Куг. Овој податок беше објавен на основа на статистички податоци за даноците и приходите.

Во тие кантони има пониски даноци на личен доход во однос на поголемите, погусто населени кантони, како што се Цирих и Женева. Професорот по политичка економија на Универзитетот Луцерн, Кристоф Шателгер, смета дека Швиц и Куг се пример за даночен натпревар меѓу кантоните и тоа го оцени како нешто што е добро.

- Advertisement -

Тој смета дека на овој начин на послабо развиените делови од Швајцарија им се дава прилика да бидат поконкурентни во однос на поактивните региони. Весникот SonntagsBlick напиша и дека во 2017 година во земјата имало 62 милионери на 1.000 жители. Тоа е значително повеќе во споредба со 1969 година, кога имало 11 милионери на 1.000 деночни обврзници.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -