Јапонија инвестира 3,4 милијарди долари во енергија од водород

- Advertisement -

Јапонската влада одлучи да издвои над 3,4 милијарди долари за проекти за создавање инфраструктура за добивање чиста енергија од водородот, извести новинската агенција Kyodo.

За распределба на тие средства ќе биде задолжена Дравната агенција за развој на нови видови енергетски и индустриски технологии NEDO, а анализата и вреднувањето на проектите се доверени на група експерти при Министерството за економија, трговија и индустрија.

- Advertisement -

Целта е да се развие практична технологија за ловење на водородот, мрежи за негова испорака до потрошувачите и производство на водород од вода со употреба на еколошки прифатливи обновливи извори на енергија. Се очекува и издвојување на средства за намалување на трошоците за изградба на електрани на ветар и создавање нови генерации батерии.

Пријавените проекти треба да започнат до октомври годинава. Јапонската влада претходно одлучи да издвои 18,4 милијарди долари за развој на технологии кои ќе овозможат целосен прекин на емисијата на стакленички гасови од индустријата и од автомобилите. Се очекува тој план да се реализира до 2050 година.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -