Светска банка: Западен Балкан излегува од рецесија, се очекува раст над 4%

- Advertisement -

Државите од Западен Балкан, кои се соочија со силна рецесија поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, до крајот на годинава можат да очекуваат постепено закрепнување и еконосмки раст од над 4% е новата проценка на Светска банка објавена вчера.

Како што се наведува во анализата на Светска банка, Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија до крајот на 2021 година ги олекува постепено закрепнување од шокот кој го донесе пандемијата и која во текот на минатата година предизвика економски пад од 3,4%.

- Advertisement -

До крајот на годинава проектиран е економски раст од 4,4%, но потоа се очекува повторно забавување на растот од 3,7% во 2022 и 2023 година поради фактот дека продолжените последици од пандемијата и понатаму ќе влијаат за помали инвестиции и вработеност во регионот.

„Забележавме некои позитивни трендови во регионот, поттикнати од брзото делување на многу земји за ублажување на последиците од пандемијата, но поселдиците по здравјето, како и економските катастрофи и понатаму ќе се чувствуваат“ изјави Линда Ван Гелдер, редионална директорка на Светска банка за Западен Балкан.

- Advertisement -

Таа додаде дека со продолжувањето на мерките за сузбивање на пандемијата, како што е вакцинацијата, мора да се вложат и дополнителни напори за да се зајакне политиката која води до економски раст.

Светската банка потсетува дека пандемијата го уништи повеќедеценискиот напредок во зголемувањето на заработката и намалување на сиромаштијата во земјите од Западен Балкан, а пазарите на труд досега надоместија само половина од загубите предизвикани од пандемијата, оставајќи голем број невработени и приморувајќи многумина целосно да го напуштат пазарот на труд.

- Advertisement -

И покрај фактот дека стапката на невработеност пред пандемијата се намали од 13,5% во 2019 година на 12,6% во 2020 година, вкупната загуба на работни места во Западен Балкан е речиси 70.000 до крајот на минатата година. Притоа, особено загрижува фактот дека стапката на невработеност кај младите сега е дури 33,6%.

(SEEBiz.eu)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -