Од утре во Србија ќе се издаваат дигитални ковид пасоши

- Advertisement -

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ соопшти дека од утре, 1 мај, сите граѓани што се вакцинирани, ќе добијат дигитален ковид сертификат.

-Благодарение на ИТ системот, можеме да имаме целосно електронски ковид сертификати, изјави Брнабиќ.

- Advertisement -

Таа додаде дека Србија ги споделила своите сертификати со светската здравствена организација како и со некои други земји, наведувајќи дека верува дека тие земји ќе ги прифатат сертификатите.

Според Брнабиќ, во Србија две дози вакцини против коронавирусот примиле 25,6 отсто од граѓаните.

- Advertisement -

Фото – ccnull.de

Сподели!
- Advertisement -