Mastercard ги дигитализира романските фармери и крајпатни продавачи

- Advertisement -

Како причина за кампањата се наведува тоа што голем број на романски фармери немале можност директно да ги продаваат своите производи на градските пазари, зависејќи од посредници и прекупувачи. Поради тоа, голем број на фармери се решиле да постават тезги покрај патиштата низ државата, пренесува порталот Маркетинг 365.

Тука настапува Mastercard. Со помош на апликацијата за патни насоки Waze, компанијата создала дигитална платформа преку која крајпатните продавачи можат да ја обележат својата позиција на патната карта и да ги промовираат своите производи меѓу возачите. Секоја тезга е исто така поврзана во електронски систем за плаќање, што ефективно им овозможува на фармарите да функционираат како мали бизниси.

- Advertisement -

Кампањата привлекла големо внимание од националните и локални медиуми во Романија, а од нејзиното лансирање, барање за приклучување кон платформата поднеле преку 300 други крајпатни продавачи.

Сподели!
- Advertisement -