Виктор Насков: Пандемијата целосно го промени „Vanilla Boutique Hotel“! Сега резервираме, сместуваме и наплаќаме без човечки контакт

- Advertisement -

„Vanilla Boutique Hotel“ е нов сместувачки капацитет во центарот на Скопје, отворен само три месеци пред да почне пандемијата на Ковид 19, минатата година. Се наоѓа спроти Клиничкиот центар на мирна локација, но сепак блиску до најголем дел од туристичките точки како плоштадот Македонија, градскиот парк, Старата чаршија, Дебар Маало, трговските центри….

Сопствениците Виктор Насков и Стеван Кењереш, иако млади имаат искуство во туризмот, па така водењето на хотел во време на пандемија не ги исплашило, туку напротив, ги инспирирало да направат нови инвестиции и да се одржат на пазарот и покрај кризата. Се работи за неколку иновации во сместувањето, кои им носат поголема безбедност, но и задоволство на нивните гости.

- Advertisement -

Виктор, кој е иновативниот пристап во вашиот сместувачки капацитет кој функционира во време на пандемија?

Нашиот иновативен пристап, што се докажува дека функционира во време на пандемија вклучува инсталирање на софтвер на self check in благодарение на кој гостинот нема допир со вработен на рецепција. Со тоа ја исклучуваме можноста за контакт при доаѓањето во хотелот, а и пристапот е многу полесен и побрз. Отакако гостинот ќе направи резервација добива своја шифра од четири бројки кои ги вметнува на тастатура на влез во објектот и на влез во апартманот. Тоа значи дека обврска на нашите гости е само да дојдат во „Vanilla Boutique Hotel“ и да ја знаат шифрата за да може нивниот одмор да почне.

- Advertisement -

Исто така, отидовме и чекор понапред и покрај овој модерен систем за чекирање, решивме и да воведеме новина за адаптирање на температурата на апартманите. Тоа се прави во моментот кога гостинот ја добива шифрата, така што кога тој ќе дојде во собата температурата е пилегодена и пријатна. Ги сменивме постоечките клима уреди со нови кои може да се вклучуваат и гаснат по свој распоред. Со сите овие инвестиции обезбедуваме гостинот да не го почувствува отсутвото на рецепционери, собари и друг персонал. Инсталиравме и детектори за чад за да бидеме сигурни дека гостите ќе се чувствуваат безбедно. Го зголемивме и нивото на хигиена, па така, покрај стандардниот начин на одржување на собите и објектот воведовме и машини за чистење со пареа кои чистат хоризонтални и вертикални површини и со кои се уништуваат 99 отсто од бактериите. По секое чистење вршиме и дезинфекција на просториите. Морам да забележам дека пандемијата на Ковид 19 ни ги отвори очите за нови начини на креативно размислување и делување како гостите да бидат безбедни и сигурни за време на нивното сместување.

Како пандемијата ви се одрази во текот на работата, дали овие новини ви донесоа позитивни промени?

- Advertisement -

Пандемијата не ни помогна да освоиме нови пазари. Се чувствува кризата во туризмот, но ние сепак решивме да направиме одржлив бизнис. Ѕelf check in како новина, адаптацијата на термпературата во собите и адаптацијата на рецепцијата без контакт со луѓе во време на пандемија излезе дека е одржлив бизнис. Ние се адаприравме на целата ситуација и покрај сите проблеми кои ни ги донесе Ковид 19 продолжуваме понатаму.

Дали гостите кога се најавуваат прашуваат за овие детали, дали им е важно какви мерки се преземени за нивната безбедност?

Размислувањата се поделени. Некои гости се прашуваат како ќе се снајдат и кој ќе ги пречека, но откако ќе им објасниме им изгледа како соврешено решение. Од друга стран, а има гости кои ужуваат во сместувањето без контакт и го поздравуваат нашето решение. Имаме многу пофалби за работата и за новината која сме ја донеле на пазарот. Можам да кажам дека сите гости го поздравуваат нашиот избор, освен некои кои на почетокот се збунети, но потоа се задоволни. Најголем дел прашања се за довербата, но им објаснуваме дека шифрата која ја добиваат е само за една употреба. Откако ќе се чекираат во хотелскиот апартман и влезат во својата соба, тука ги чека клуч картичката за отворање на влезната врата во објектот, на апартманот, како и за регулирање на електричната енергија.

Дали ова решение кое повлече инвестиции кај вас на среден или долг рок го поскапува или го поевтинува процесот на менаџирање на апартманите?

Со тоа што „Vanilla Boutique Hotel“ станува дигитален концепт-хибрид на сместување трошоците се намалуваат. Имавме трошоци за инвестицијата, односно во имплементирање на сите системи да функционираат беспрекорно. Но, на долг рок се намалуваат трошоците. На добар пат сме да работиме оптимално, а со намален број на вработени. Немаме рецепција бидејќи нема потреба, а од друга страна имаме услуга за гостите 24 часа. Тие можат во секое време да не најдат на вибер или WhatsApp. Преку опциите klikni jadi и paket mk во секое време можат да нарачаат храна и да добијат оброк. Со тоа ја исклучуваме потребата да имаме кујна во време кога овие услуги се на дофат со еден клик. Тие се поедноставни и побрзи од било кое друго решение.

Сподели!
- Advertisement -