Сега можете да купите пица со скенирање на лицето

- Advertisement -

Веќе постои робот кој може да прави 300 пици на час, но досега немаше робот кој прави пици, а ви овозможува да ги платите со препознавање лице. Новиот робот е резултат на соработка на компанијата за правење машини за продажба на пица Piestro и компанијата за технологија за препознавање лице PopID.

Во оваа доба на КОВИД-19 луѓето се чувствуваат побезбедно ако нарачуваат храна од дома или на место каде што нема човечка интеракција, а новата машина за пици ви овозможува да немате воопшто никаков контакт со луѓе.

- Advertisement -

„Како што се одвива пандемијата побарувачката за бесконтактно плаќање нема да се намали наскоро. PopID е универзална порта за апликации за бесконтактно плаќање и ќе овозможи Piestro да понуди иновативно корисничко искуство кое ги надминува очекувањата на корисниците. Одушевени сме што почнавме партнерство кое на љубителите на пица ќе им ја даде храната што ја обожаваат во најбрз можен рок, а се што треба е само да го скенираат лицето“ велат од Cali Group.

Корисниците на Piestro сега ќе можат да купуваат пици на секоја машина компатибилна со PopID. PopID PopPay решението ќе се појави како метод за плаќање на самиот екран каде што купувачите ја направиле нарачката. Технологијата ќе биде интегрирана и во апликацијата на компанијата за правење нарачки онлајн, а потоа се потврдува идентитетот со скенирање на лицето.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -