ВИДЕО: Биопринтер може да се стави во телото и да печати ткива одвнатре

- Advertisement -

Научници и инженери од универзитетот UNSW во сиднеј развија минијатурна флексибилна мека роботска рака која може да се користи за “Д печатење на биоматеријал диркетно на органите во телото.

3Д биопечатењето е процес во кој биомедицински делови се прават од т.н. биоматеријал за правење природни структури налик на ткиво. Биопечатењето главно се користи во истражувачки цели и развој на нови лекови и вообичаено бара употреба на големи машини за 3Д печатење за производство на клеточни структури надвор од живо тело.

- Advertisement -

Новото истражување на Лабораторијата за медицинска роботика при UNSW, на чело со д-р Тан Но До и неговиот докторанд Маи Тан Таи, во соработка со друиг истражувачи од UNSW, детално е објавено во списанието Advanced Science.

Нивниот труд резултирал со мал флексибилен 3Д принтер, кој може да се стави во телото како ендоскоп преку некој природен отвор или преку рез за директно да печати биоматеријал на површината на внатрешните органи и ткива.

- Advertisement -

Истражувачкиот тим вели дека со понатамошен развој, а потенцијално во рок од 5 до 7 години технологијата ќе можат да ја користат медицински експерти за пристап до тешко достапни делови во телото.

Истражувачкиот тим го тестирал уредот во мало вештачко дебело црево, каде што успешно испечатил биоматеријал. Најмалиот прототип кој го направиле од UNSW има дијаметар како комерцијални терапевтски ендоскопи – отприлика 11-13 мм, што е доволно мало за да може да се вметне во човечкиот гастроинтестинален тракт, но истражувачите велат дека за идна медицинска употреба би можеле да го намалат уште повеќе.

- Advertisement -

Уредот има глава со три оски за печатење, која е директно поставена на врвот на мека роботска рака. Оваа глава се состои од меки вештачки мускули кои и овозможуваат движење во три правци, слично на вообичаените 3Д принтери.

Истражувачите велат дека во иднина овој нивни уред ќе биде особено битен за отстранување на одредени видови рак преку процеспознат како ендоскпска субмукозна дисекција.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -