Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26% во однос на Одлуката од26.04.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 ден/кг и сега ќе изнесува 34,443 ден/кг.
Од 5.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 59,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 58,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,443 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,243%, дизелот за 2,111%, екстра лесното масло зголемувањето е за 1,287% и кај мазутот за 0,048%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,524%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.5.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 26.4.2021), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95 (цените во ЕУ земјите се од 26 април 2021)
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
С. Македонија | 0,958 | 1,088 |
Австрија | 1,170 | 1,218 |
Бугарија | 1,081 | 1,081 |
Хрватска | 1,295 | 1,371 |
Германија | 1,310 | 1,522 |
Грција | 1,317 | 1,600 |
Италија | 1,438 | 1,577 |
Унгарија | 1,160 | 1,169 |
Словенија | 1,190 | 1,172 |