До 2050 година ќе има пад на популацијата за 2/3 во регионот на ЕУ

- Advertisement -

Се предвидува дека околу 802 региони во Европската унија ќе имаат помала популација во 2050 година отколку во 2019 година, додека во извештајот на Евростат се наведува дека и околу 414 региони ќе имаат пораст на популацијата.

Овие информации се дел од новите истражувања за регионалните демографски промени кои се направени во 31 земја. Постојат големи разлики во проекциите по земји. Во регионите на Литванија и Летонија се очекува намалување на популацијата за најмалку 20%, а Бугарија, Естонија, Романија и Словачка имаат само еден регион за кој е проектиран раст на популацијата до 2050 година.

- Advertisement -

Останатите земји во кои се проектираат негативни промени во структурата на населението во најголем дел од регионите се Чешка, Хрватска, Грција, Унгарија, Полска, Португалија и Финска.

Кога се во прашање тие исти земји, предвидено е дека просечната старост ќе се зголеми за 4 години – од 45,1 во 2019 година на 49,1 во 2050 година. Само во 131 од 1.216 региони не се очекува пораст на просечната старост на населението.

- Advertisement -

Од регионите на источна и јужна Европа се очекува дека нивната популација најбрзо ќе старее, а за 160 региони со најбрзо стареење се очекува дека просечната старост ќе порасне и за 8 години од 2019 до 2050 година.

За само 10% од регионите се предвидува помлада популација во истиот период, а дури 8 од 10 во Германија, каде што е предвидено намалување на просечната старост за 4 години.

- Advertisement -

(Danas.rs)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -