Конечно е познат датумот на историскиот туристички лет во вселената на Џеф Безос

- Advertisement -

За нешто повеќе од два месеци отсега е планиран првиот лет на вселенската компанија Blue Origin на Џеф Безос со човечки екипаж. Досега компанијата направи 15 тест-летови во вселената и сите беа успешни, така што повеќе нема пречки за летови со човечки екипаж. Според моменталните планови, ракетата New Shepard со капсулата во која ќе се наоѓаат астронаути треба да влезе во историјата на 20 јули, а од компанијата на Безос вчера објавија дека едно место во капсулата оставиле и за нивниот прв вселенски турист.

Кој ќе биде тој среќник или среќничка ќе дознаеме за околу еден месец, после аукцијата на страницата на Blue Origin, а победникот ќе биде тој што ќе понуди најголема сума. Парите собрани за летот во вселената со Blue Origin ќе бидат донирани на добротворната организација Club for the Future која поддржува STEM науки. Од компанијата на Безос велат дека местото во нивната капсула ќе го смени начинот на кој го гледаме светот, што и буквално ќе се случи затоа што шестемина астронаути во капсулата ќе имаат прилика да ја видат нашата планета од висина од околу 100 км.

- Advertisement -

Како што е познато, Blue Origin не се фокусира на летови до Меѓународната вселенска станица или до Месечината, туку летовите со New Shepard траат кратко. После лансирањето ракетата се одвојува и се враќа на Земјата за повторно да може да се уптреби во наредни мисии, додека капсулата го продолжува својот пат кон орбитата. Застанува на висина од скоро 100км, што е доволно за да се почувствува бестежинска состојба и да се види изгледот на нашата планета.

Потоа следува враќање на Земјата, при што за забавување ќе се користат 3 големи падобрани, а кога техничарите ќе утврдат дека ракетата и капсулата се во добра состојба, можат повторно да се користат за нови летови.

- Advertisement -

Најавениот прв лет е голем чекор кон вселенскиот туризам, кој со текот на годините може да стане нова атракција за бројни авантуристи кои имаат милиони долари за купување место во капсулата на Безос.

(Blue Origin)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -