Корона туризам – Малдивите во туристичката понуда вклучија и вакцинирање против корона вирусот

- Advertisement -

Една од првите земји во светот кои целосно се отворија за туристите сега планира да биде пионер и кога станува збор за вакциналниот туризам. Властите на Малдивите го најавија својот план на туристите да им понудат вакцинирање по пристигнувањето во земјата со цел да привлечат што повеќе посетители.

Островот моментално е отворен за сите вакцинирани туристи, како и за сите патници кои имаат негативен тест на корона вирусот добиен не порано од три дена пред пристигнувањето. А за невакцинираните туристи Малдивите стартуваа и нова туристичка кампања наречена „3V“ – Visit, Vaccinate, Vacation (Посета, вакцина, одмор).

- Advertisement -

Тоа значи дека туристите во рамките на пакет-аранжманите ќе може да се вајкцинираат откако ќе се вакцинираат сите жители на островот. Министерот за туризам на овој рај на Земјата, Абдул Муса, изјави дека главната идеја на отворениот туризам е обезбедување релативно безбеден одмор со минимални непријатности.

Реализацијата на 3V туризмот наскоро ќе се случи затоа што на Малдивите досега се вакцинирани 90% од вработените во туризмот, а 50% од вкупната популација има примено една доза од вакцината против корона вирусот. Малдивите ја користат кинеската вакцина, а преку системот Covax добија доволно вакцини за сите жители.

- Advertisement -

Малдивите очајно сакаат да ја обноват својата туристичка индустрија, која сочинува 28% од БДП. Во 2019 година островот имаше 1,9 милиони посетители, а во 2020 година само 550.000.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Fshoq)

Сподели!
- Advertisement -